Утринска Гимнастика: Вистинско уживање со Jaguar F-Type на Алпскиот премин Села! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Вистинско уживање со Jaguar F-Type на Алпскиот премин Села!

За секој вистински автомобилски ентузијаст најголемо уживање нуди возењето на спортски автомобил со мелодичен звук на прекраска планинска делница со умерени свиоци.

Такво е и ова видео, кое ве седнува директно позади воланот на Jaguar F-Type. Тој со неговиот 3.0-литарски V6 мотор, благодарение на компресор испорачува 380 КС кон задните тркала. Со забрзување до 100 km/h за околу 5 секунди и симфонијата која што доаѓа директно од издувниот систем, F-Type не потсетува зошто возењето за автомобилските вљубеници е далеку повеќе од само транспорт.

Локацијата која ги исполнува сите критериуми за да се вброи во еден од најубавите планински премини во светот – Passo Sella, се наоѓа во срцето на Доломитите и ги поврзува земјите Италија и Швајцарија. Истата претставува одлично доживување со извонредни пејсажи и квалитетен мазен асфалт.

Затоа, засилете го тонот и уживајте во видеото!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.