full screen background image
Search

Новиот Ford Mustang е најпродаваниот спортски автомобил во светот!

Ford гордо објави дека новиот Mustang е најпродаваниот спортски автомобил во светот, во првата половина од оваа година!

Со 76.124 регистрирани возила на глобално ниво – цели 56% повеќе од истиот период минатата година – новиот Мustang е најдобро-продаваниот спортски автомобил во светот во првата половина од оваа година!

„Првичните глобални реакции кон Mustang се навистина силни, а сега за сега сме само во втора брзина. Продолжуваме да го забрзуваме производството и глобалниот дофат на моделот со изведби со воланот од десната страна кои сега излегуваат од нашата фабрика“ – изјави Stephen Odell, одговорниот за Глобален Маркетинг, Продажба и Сервис.

За прв пат новиот Mustang е достапен на преку 100 пазари во светот и побарувачката за новиот мускулест автомобил на Ford е навистина голема. Ние неодамна имавме можност да го возиме новиот Mustang и останавме импресионирани и убедени во неговите квалитети!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.