full screen background image
Search

Претставен Bentley Bentayga – доаѓа со 6-литарски твин-турбо W12 и 600 коњски сили!

Производителот на ултра-луксузни возила влегува во нов сегмент – новиот Bentley Bentayga ќе постави нови стандарди и правила во категоријата на супер-луксузни SUV!

Иако Bentley Bentayga наликува на контраверзиот 9F концепт од пред неколку години, сепак мораме да кажеме дека изгледа доволно различно од концептот за да може да изгледа привлечно. Линиите се очекувани – чисти и јасни површини без непотребни детали и екстремни дизајнерски елементи. Всушност – нам ни изгледа како Bentley Continental GT во караванска изведба и на малку повисока суспензија.

Ентериерот е онаков каков што смее да биде во Bentley – огромни површини покриени со најквалитетната кожа, дрво и алуминиум, како и максимален комфор за четворицатата патници (одзади има две индивидуални седишта наместо задна клупа). Можностите за персонализација се помалку или повеќе неограничени, а купувачите ќе добијат и 8-инчен мултимедијален уред со капацитет од 60 гигабајти за складирање музика, портабл 10.2-инчен Android таблет со 4G, Wifi и уште многу други опции, како и монструозен аудио уред од Naim со 18 звучници и вкупна моќност од 1950 вати!

Големиот W12 има на располагање вкупно 600 коњски сили и 900 Nm вртежен момент. Благодарение на овој мотор, Bentley Bentayga постигнува 100 километри на час за 4.1 секунда и има максимална брзина од 301 километар на час!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.