Новата Ibiza Cupra има нов мотор – 1.4-литарскиот TSI оди во пензија, а на негово место доаѓа 1.8-литарски TSI со 192 коњски сили!
Благодарение на новиот мотор, SEAT Ibiza Cupra сега може да забрза до 100 километри на час за 6.7 секунди – 0.3 секунди побрзо од порано, а максималната брзина е одлични 235 километри на час. Според официјалните податоци, Ibiza Cupra ќе троши само 6 литри на 100 километри.
Екстериерот останува сличен како и досега, но ентериерот има претрпено значителни измени – веднаш забележуваме нов управувач, нови инструменти и нови и помеки материјали. Дополнително, ќе се нудат и Apple CarPlay и Android Auto.