Пет автомобилски модификации кои треба да заминат во историјата (втор дел) – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пет автомобилски модификации кои треба да заминат во историјата (втор дел)

Продолжуваме со вториот дел од нашиот серијал за тоа што не треба да му правите на вашиот автомобил!

Неодамна пишувавме за тоа кои модификации треба да заминат во историјата. Таа објава беше навистина популарна и изнуди лавина позитивни и негативни реакции – па сметавме дека е во ред да продолжиме и со вториот дел.

1. „Lexus“ задни светла.

lexus-lights

Има причина зошто се нарекуваат Lexus светла – бидејќи прилегаат само на модели на луксузниот јапонски бренд. Не одговараат на ниту еден друг автомобил, особено не на европски автомобили. За среќа, овој тренд не е премногу застапен кај нас.

2. Ставање значки кои не припаѓаат на вашиот автомобил.

m-badge

Ниту вашето BMW 320d е M3, ниту вашиот Golf 4 1.9 TDI со пластични раткапни e GTI, ниту па вашиот Civic 1.4i e Type-R. Не го правете ова. Китењето со туѓи перја е навистина невкусна работа.

3. Карбон фолии

carbon-vinyl

Ајде да расчистиме – зошто се ставаат делови од карбон? За да се заменат оригиналните со заменски кои се полесни, и со тоа се подобруваат перформансите на возилото. Лепење карбон фолија врз постоечките делови (на пример поклопецот на моторот или на багажниот простор) не само што не го прави тоа, туку додава (колку и да е малку) тежина!

4. Неквалитетни кинески „ксенони“ во халогенски фарови.

hid-lights

Иако можеби сакаме квалитетно осветлување, сепак кинескиот ксенон не е вистинско решение. Покрај тоа што оваа модификација е нелегална (можеби не кај нас, но е нелегална во остатокот од Европа), светлината е неквалитетна во услови на дожд, а и заради некомпатибилноста на сијаличките со халогенските фарови, ги заслепувате останатите возачи. Не го правете тоа.

5. Прекумерно затемнување на стаклата.

window-tints

Да се разбереме – ние тука сметаме дека дискретното и резервирано затемнување на стаклата на автомобилот е практична, корисна и привлечна работа. Но во името на сè што е добро, не ги затемнувајте стаклата со црни ќеси за ѓубре! Ниту изгледа убаво, ниту е практично – маневрирањето во услови на темница станува невозможно.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.