full screen background image
Search

Пет автомобилски модификации кои треба да заминат во историјата

Сите ние сакаме да ги модифицираме и персонализираме нашите автомобили, па макар и со најмали ситници – но некои од тие модификации веќе треба да се пензионираат!

1. „Испеглана“ задна табличка

peglana-tablicka

Трендот да се „измазни“ вратата од багажникот и да се премести регистерската табличка никогаш не ни се допаѓал. Покрај тоа што не изгледа привлечно бидејќи целосно го менува (кон полошо) задниот лик на автомобилот, истовремено е и нелегално бидејќи во 99% од случаите не се преместени и сијаличките кои ја осветлуваат задната регистерска табличка.

2. „Веѓи“ на фаровите

vegji

Колку и да мислите дека со „веѓи“ вашиот автомобил ќе изгледа поагресивен, верувајте ни – не е така. Секогаш ќе изгледаат „додадени“ и издвоени од севкупните линии на автомобилот. Особено се лоши веѓите кои дијагонално го пресекуваат фарот – и несомнено влијаат на квалитетот на осветлувањето.

3. Неонско осветлување.

neon

Првиот Fast & Furious филм се појави во далечната 2001-ва година. Во тој филм имаше неонско осветлување околу автомобилите. Пред скоро 15 години. Размислете малку околу тоа.

4. Тркала и гуми кои излегуваат од крилата

trkala

Сите ние сакаме малку поширок изглед на нашите автомобили, и сè додека пошироките фелни и пневматици се во некои прифатливи рамки, тоа може да изгледа одлично, а и позитивно да влијае на стабилноста на нашиот автомобил. Но ако пневматиците излегуваат од крилата неколку сантиметри, време е да размислите повторно за вашите животни одлуки – покрај тоа што визуелно не е привлечно, возењето со вака „исфрлени“ тркала е максимално небезбедно!

5. Lambo врати

lambo-vrati

Lambo потекнува од Lamborghini. Има причина зошто се нарекуваат Lambo Doors -вакви врати одговараат само на Lamborghini.

БОНУС 1: Разно-разни бодикитови:

bodikit

Навратете се на точката 3 – Fast & Furious се случи пред 15 години. „Екстремните“ бодикитови припаѓаат таму.

БОНУС 2: Зацрнети задни светла

crni-svetla

Не, едноставно не.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.