full screen background image
Search

Претставен Lamborghini Aventador SV Roadster – 750 коњски сили под отворено небо за само 357.000 евра!

Италијанскиот производител на супер-спортски автомобили го претстави врвот во својата моментална понуда – Aventador SV Roadster доаѓа со монструозен V12 кој испорачува 750 коњски сили!

Големиот, 6.5-литарски атмосферски V12 бензинец испорачува 750 коњски сили при 8400 вртежи во минута и дури 690 Nm вртежен момент. Моторот соработува со 7-степен ISR менувач кој ја пренесува силата кон сите четири тркала преку Haldex Generation IV 4WD систем, а дел од приказната се и магнетореолошката суспензија, специјалниот систем за дампирање и динамичното управување.

Автомобилот тежи (не баш лесни) 1575 килограми, но е цели 50 килограми полесен од Aventador LP 700-4 Roadster, а одностот моќност/тежина е исклучителен – за секоја коњска сила има само 2.1 килограм тежина. На екстремниот роадстер му се потребни 2.9 секунди за да постигне 100 километри на час, а максималната брзина е 350 километри на час.

Сето ова ќе можете да го добиете на почетокот на следната година, по цена која започнува од 357.000 евра. Ситница!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.