full screen background image
Search

Екстремен M4 – BMW го претстави M4 GTS Concept!

Позади името GTS Concept се крие сериска верзија на M4 GTS која ќе го издигне спортското купе кон есктремните спортски автомобили родени на тркачката патека!

BMW M4 GTS ги следи легендарните модели како што се M3 Evolution, M3 Sport Evolution, M3 GT, M3 CSL и M3 GTS. Во споредба со стандардното M4 Coupe, лимитираната серија која ќе ја носи ознаката M4 GTS носи технологија директно преземена од тркачките патеки, но и зголемена моќност и екстра-лесни материјали!

Според претседателот на BMW M Division – Frank van Meel – „M4 Coupe ја олицетворува идеалната комбинација од спортски гени и неограничена секојдевна корисност, но BMW M4 GTS најавува емотивен и ексклузивен специјален модел развиен со поглед кон висока технологија и фокус кон тркачката патека!“

Автомобилот е целосно легален за користење на обичните улици, но нуди нови технологии – како што е системот за вбризгување вода кој овозможува зголемена моќност и целосно OLED задни светла. Системот за вбризгување вода е истиот од BMW M4 MotoGP безбедносното возило, и иако не е официјализирано колку ја зголемува моќноста, според BMW тој нуди „забележително зголемување на моќта и вртежниот момент.“ Интересно!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.