Lamborghini официјално го претстави новиот Temerario Spyder – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lamborghini официјално го претстави новиот Temerario Spyder

Најважната новост кај Temerario Spyder е воведувањето на првиот преклоплив трд покрив кај Lamborghini!

Покривот користи целосно нов систем кој се преклопува и поставува вертикално директно зад седиштата, што пак овозможува да биде исклучително компактен.

Решението овозможува центарот на гравитација да се спушти за 3 мм, со што се задржуваат одличните динамички карактеристики за управување од верзијата со фиксен покрив.

Покривниот механизам може да се користи и при брзини до 50 км/ч.

Под каросеријата се наоѓа истиот 4-литарски V8 бензински мотор кој во комбинација со трите електрични мотори испорачува вкупна системска моќност од 920 коњски сили и 730 Nm вртежен момент.

Бензинскиот мотор се врти до 10.000 вртежи во минута, со можност за краткотрајно зголемување до 10.250 вртежи во минута при активирање на Launch Control.

Поради конструкциските засилувања на отворената каросерија, забрзувањето од 0 до 100 км/ч изнесува 2,8 секунди (само 0,1 секунда побавно од купето), додека максималната брзина достигнува 343 км/ч.

Моделот е достапен и со лесниот пакет Alleggerita кој вклучува дополнителни карбонски компоненти (меѓу кои и тркалата), како и опционален титаниумски издувен систем изработен во соработка со Akrapovič.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!