Mercedes-Benz официјално го претстави новото C-Class Coupe! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz официјално го претстави новото C-Class Coupe!

Германскиот премиум производител официјално ја претстави купе-изведбата на популарната C-Class – и автомобилот очекувано го носи името C-Class Coupe!

Новото C-Class Coupe изгледа како „компресирана“ верзија на големиот S-Class Coupe, но со свои уникатни детали. Новиот автомобил е значително поголем од моделот во заминување, а ќе нуди технологии кои досега не сме ги очекувале во оваа класа – како што е Airmatic воздушната суспензија. Од Daimler најавуваат дека на самиот почеток ќе се нудат четири бензински и три два дизел мотори.

Во понудата на бензинци ќе се најдат 1.6-литарскиот 4-цилиндерски мотор со 156 коњски сили кај C180 Coupe. Чекор погоре е C200 Coupe со 184 коњски сили, а над него е C250 со 211 коњски сили. Најмоќниот бензинец во понудата (барем до премиерата на неизбежните AMG варијанти) ќе биде C300 со 245 коњсики сили. Доколку сакате дизел, ќе можете да изберете меѓу два мотори – едниот со 170, другиот со 204 коњски сили.

Во стандардната опрема ќе бидат панорамскиот кров, keyless контролирање и LED предни светла. Секако, може да се нарача спортски AMG пакет на опрема кој доаѓа со агресивни браници и поголеми тркала (и кој секогаш препорачуваме да го нарачате). Кај некои верзии ќе може да се добие и 4Matic погон на сите четири тркала.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.