Пристигна новиот Mercedes-Benz GLB! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна новиот Mercedes-Benz GLB!

Новиот GLB, за кој Mercedes-Benz кажа дека има силен фокус кон дигиталните технологии и вештачката интелигенција, денес официјално пристигна во Македонија.

Кажете му добредојде на новиот GLB! Дизајнот на GLB е самоуверен но и малку контроверзен. На предниот дел едноставно доминира големата предна маска која е директен резултат на новите дизајнерски насоки на германскиот бренд, а околу неа се поставени светлата со дневни светла во облик на ѕвезди (сепак е Mercedes). Профилот е типичен за SUV, со голем фокус на простор во кабината – и би рекле дека одлично, со оглед на тоа дека GLB може да се добие со 5 или 7 седишта.

Задниот дел ни е можеби најинтересен – светлосниот потпис е преземен директно од супер-ефикасниот EQXX концепт кој Mercedes-Benz го претстави пред неколку години. Формата е несекојдневна, со интересни светлосни решенија и повторно, ѕвездите на Mercedes-Benz се интегрирани во дизајнот.

Во кабината фокусот е јасно кон дигитализацијата и дигиталните услуги. Може (исто како кај CLA) да се нарача огромниот Hyperscreen, кој го сочинуваат 10.25-инчен дисплеј за возачот, 14-инчен инфозабавен екран и 14-инчен екран за совозачот. Самиот систем е поставен на најновата, четврта генерација на MBUX системот на Mercedes-Benz, која сега вклучува вештачка интелигенција од Google и Microsoft. Самиот оперативен систем е изграден врз Unity и доаѓа со MBUX Virtual Assistent, кој е базиран на ChatGPT 4.0.

GLB првично беше претставен како целосно-електричен SUV, а Mercedes-Benz во меѓувреме претстави и хибридни погонски опции. Достапни се GLB 180, GLB 200 и GLB 220 со хибридни погони со 156, 184 и 211 коњски сили, соодветно. Основниот, GLB 180 се комбинира само со погон на предните тркала, додека GLB 200 и GLB 220 можат да се нарачаат и со 4Matic погон на сите четири тркала.

Поврзано:  Новиот Mercedes-Benz CLA пристигна во Македонија

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.