BMW произведе два милиони електрични возила – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW произведе два милиони електрични возила

Ова доаѓа само две години откако компанијата го произведе првиот милион електрични автомобили, што укажува на големото забрзување на производниот процес.

Јубилејниот автомобил е моделот i5 M60 xDrive во специфична „Tansanit Blue“ боја, наменет за купувач во Шпанија.

Фабриката во Динголфинг, Германија, одигра клучна улога во постигнувањето на овој резултат како главен центар за производство на електрични возила. Од почетокот на сериското производство на електрични модели во 2021 година со моделот iX, оваа фабрика континуирано го зголемува својот капацитет.

Според официјалните податоци, во оваа фабрика се произведени повеќе од 320.000 електрични возила од 2021 година досега. Трансформацијата на производствениот процес е евидентна, со оглед на тоа што минатата година повеќе од четвртина од вкупниот број возила произведени во Динголфинг биле целосно електрични.

Брзото достигнување на вториот милион ја одразува пошироката стратегија на BMW која започна уште во 2013 година со воведувањето на иновативниот модел i3.

Како дел од концептот „BMW iFACTORY“, компанијата обезбедува барем по еден целосно електричен модел во секоја од своите фабрики во Германија.

Успехот на BMW не се должи само на зголемениот капацитет, туку и на технолошката отвореност и постојаните иновации. Иако темпото на производство на електрични возила рапидно расте, компанијата продолжува да нуди разновидност во својата понуда, истовремено фокусирајќи се на ефикасноста и дигитализацијата на своите капацитети.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!