full screen background image
Search

SEAT го освежи Leon Cupra R – сега има 290 коњски сили!

Супер-спортскиот хечбек на SEAT доби дополнително зајакнување – и сега има на располагање дури 290 коњски сили!

Новата Cupra 290 ќе ја замени досегашната Cupra 280 и ќе се нуди во трите постоечки каросериски изведби – како хечбек со три врати, хечбек со пет врати и караванската (и прилично популарна!) ST изведба. Перформансите остануваат исти – 5.8 секунди до 100 километри на час кај мануелната верзија, односно 5.7 ако изберете DSG, и максимална брзина од 250 километри на час. Значителната разлика е што 350 Nm вртежен момент се достапни од 1700 до 5800 вртежи во минута.

Новиот Leon Cupra 290 сега ќе доаѓа со Dynamic Chassis Control, блокада на предниот диференцијал и прогресивно управување, а стандардна опрема ќе бидат и предните и задни светлосни групи со LED технологија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.