Четвртата генерација на Continental GT S е најбрзата и најмоќна досега и е создадена според истата филозофија на варијантата Supersports.
Моќноста на новиот V6 хибриден погон изнесува 680 коњски сили (130 повеќе од претходно) и сега возилото забрзува до 100 км/ч за 3,5 секунди и достигнува максимална брзина до 306 км/ч.
Не само што ги надмина сите параметри на претходниот W12 Speed, новиот хибриден GT S може да измине до 80 километри само на електричен погон.
Пакетот Bentley Performance Active Chassis вклучува активен погон на сите тркала, дво-вентилски амортизери, Bentley Dynamic Ride активен систем против навалување и електронски ограничен диференцијал.
Во Dynamic Mode, GT S дозволува контролирано пролизгување на задната оска, давајќи му на возачот можност да ја контролира линијата во кривините со сигурност дека автомобилот лесно ќе се врати во права линија.
Blackline спецификацијата додава темен преден долен спојлер, сјајно црни матрикс решетки, Beluga црни капаци на ретровизорите, странични прагови и заден дифузер.

















