Со Courage стартува продажбата на Voyah во Македонија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Со Courage стартува продажбата на Voyah во Македонија

Со целосно-електричниот Courage стартува продажбата на Voyah – премиум бренд на кинескиот гигант Dongfeng.

Пред околу два месеци најавивме, а сега со задоволство можеме да пренесеме дека уште еден бренд стартува со продажба на македонскиот пазар. Voyah е премиум бренд на кинескиот гигант Dongfeng, а продажбата во Македонија за почнува со целосно-електричниот Courage.

Инаку, брендот Voyah е веќе присутен во неколку земји во Европа – веќе се нуди во Италија, Норвешка, Чешката Република, Холандија, Шпанија, Португалија, Финска…

Courage е компактен електричен кросовер кој ветува автономија до 500 километри и многу опрема. Ќе се нуди во неколку различни конфигурации, а верзијата со погон на сите четири тркала може да се пофали со дури 434 коњски сили. Ќе се нудат две верзии – и двете со батерија со капацитет од 80 kWh, но едната со погон на задните тркала и 292 коњски сили, а другата со погон на сите четири тркал (и два електромотори, секако) и 434 коњски сили. Во зависност од конфигурацијата, поминува околу 440, односно 470 километри со полни батерии.

Секако – како што и очекуваме – доаѓа со многу, многу опрема и (барем од она кое го видовме во салонот на Dongfeng во Скопје) премиум материјали, внимателна завршна обработка и рафинирано чувство во кабината. Се надеваме дека Voyah Courage наскоро ќе пристигне на тест. Цените сè уште не се финализирани, но добивме навестување дека би требало да бидат навистина конкурентни – особено со оглед на перформансите и опременоста.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.