Премиера: Конечно – новиот Jaguar F-Pace! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Конечно – новиот Jaguar F-Pace!

Jaguar конечно го претстави својот прв SUV – новиот F-Pace ќе се нуди со бензински и дизел мотори и одлични перформанси благодарение на алуминиумската конструкција!

Jaguar го опишува F-Pace како „кросовер ориентиран кон перформансите“ – и лесно е да разбереме зошто – структурата на новиот F-Pace е изработена од 80% алуминиум и автомобилот е навистина лесен – основниот турбодизел со 180 коњски сили и погон на задните тркала тежи само 1665 килограми!

Во понудата ќе се најдат неколку бензински и дизел мотори. Оние кои сакаат дизел ќе можат да одберат меѓу 2-литарски турбодизел кој нуди 180 коњски сили и може да се комбинира со погон на задните или сите четири тркала и мануелен менувач, или пак 3-литарски турбодизел ој нуди 300 коњски сили, автоматски менувач и погон на сите четири тркала. Докoлку сакате бензин, тука е 2-литарски турбо-бензинец со 240 коњски сили, или пак 3-литарски компресорски бензинец кој нуди 340 или 380 коњски сили.

Благодарение на долгото меѓуоскино растојание од 2874 милиметри, во ентериерот комфорно ќе патуваат петорица, а ќе имаат на располагате 610 литри багажен простор. Бидејќи F-pace е наменет за оние со активен животен стил, Jaguar го подготви Activity Key – водоотпорна и издржлива нараквица која ќе ви овозможи клучот да го оставите во автомобилот и да го заклучите – клучот ќе биде деактириван и ќе се активира кога нараквицата која е околу вашиот зглоб ќе биде блиску до автомобилот!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.