full screen background image
Search

Brabus доаѓа во Франкфурт со зајакнати AMG GTS и G500 4×4²

Тјунерот познат по монструозни изведби на моделите на Mercedes-Benz во Франкфурт ќе претстави AMG GT S со 600 коњски сили и супер-ексклузивен теренец со 500 коњски сили!

За супер-спортскиот AMG GT S, Brabus подготви аеродинамичен пакет кој вклучува нов преден спојлер, вентилирачки отвори на предните рила, нови прагови и нов заден дифузер. Сепак, најважните промени се под поклопецот на моторот – AMG GT S е дополнително зајакнат за 90 коњски сили и сега има на располагање вкупно 600 коњски сили и 750 Nm вртежен момент – доволно за „стотка“ за само 3.6 секунди и максимална брзина од 325 километри на час!

brabus-g500

Оние кои сакаат авантури надвор од асфалтот ќе можат да го погледнат Brabus G500 4×4². Големиот теренец добива екстремен бодикит, зголемена моќност и застрашувачки лик. Благодарение на доработениот мотор, сега на располагање стојат дополнителни 78 коњски сили и 100 Nm, за вкупно 500 коњски сили и 710 Nm вртежен момент. Овие бројки сведочат за забрзување до сто километри на час за 6.9 секунди и максимална брзина од 210 километри на час – но сето тоа е неважно!

Brabus AMG GT S

Brabus G500 4×4²



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.