full screen background image
Search

Новиот Volkswagen Tiguan официјално претставен и во Македонија!

Втората генерација на успешниот SUV на Volkswagen – популарниот Tiguan – тукушто ја доживеа својата македонска премиера!

Салонот на Porsche Македонија беше локацијата каде денес својата македонска премиера ја имаше новиот Volkswagen Tiguan. Со мотото „Суверено до Врвот“, новиот Tiguan има задача да ја продолжи онаму каде неговиот претходник ја заврши својата приказна.

vw-tiguan-skopje2

„Денес ја претставуваме втората генерација на Tiguan, кој не е само редизајнирана верзија на првиот модел, туку нуди целосно нов изглед и концепт. Новиот Tiguan е дизајниран и произведен да ги задоволи вкусовите на најпребирливите љубители на спортско-корисните (SUV) возила.“ – изјави г-дин Александар Цветковски, продукт-менаџер на Volkswagen.

Новата генерација е базирана на MQB платформата на Volkswagen групацијата, и може да се добие со цела гама на турбо-бензински и турбодизел мотори. Секако, купувачите ќе можат да изберат меѓу автоматски или DSG менувач, и ќе можат да одлучат дали сакаат погон на предните или на сите четири тркала. Понудата започнува со 1.4-литарскиот TSI со 125 коњски сили, мануелен менувач и погон на предните тркала, во Trendline ниво на опрема кој чини 25.327 евра, а основниот дизел е 2.0 TDI BMT со 115 коњски сили кој чини 27.147 евра.

vw-tiguan-skopje1

На врвот на понудата се Tiguan 2.0 TSI со 180 коњски сили, DSG менувач и погон на сите четири тркала, како и 2.0 TDI со 190 коњски сили, исто така со DSG менувач и погон на сите четири тркала. Овие верзии чинат 36.462, односно 39.686 евра. За оние кои сакаат врвни перформанси, тука е и 2.0 BiTDI со 240 коњски сили и 500 Nm вртежен момент кој го познаваме од Passat. Нам веќе ни најавија дека наскоро ќе имаме можност подобро да го запознаеме новиот Tiguan, а ние ќе ви ги пренесеме нашите импресии од германскиот SUV.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Volkswagen го лансираше својот прв електричен SUV - новиот ID.4!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.