BYD официјално пристигна во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BYD официјално пристигна во Македонија!

Вчеравечер на гала настан, пред македонската јавност, бизнис партнерите и автомобилските медиуми официјално беше означено пристигнувањето на кинескиот гигант BYD во Македонија!

Со мало задоцнување – BYD официјално пристигна и во Македонија! Со задоволство можеме да објавиме дека од вчеравечер, кинескиот гигант е официјално присутен на нашиот пазар – и тоа со дури седум различни модели уште од самиот старт. Застапник на BYD во Македонија е компанијата Evolution Auto.

Македонските претставници на BYD вчера ни приредија навистина несекојдневно прво запознавање со брендот – кое започна со кратко возење до Водно, каде можевме набрзина да ги запознаеме автомобилите, а потоа на гала-настан со презентации и специјални гости имавме можност одблиску да ги погледнеме новите возила, но и да се запознаеме со технологиите позади моделите на BYD, како и почетните цени на моделите во Македонија.

BYD е важен новитет на македонскиот пазар. Кинескиот гигант е основан во 1995-тата година како производител на батерии, а BYD Auto официјално постои од 2003-тата година. За само 23 години BYD Auto прерасна во еден од водечките автомобилски производители (минатата година произвеле нешто повеќе од 4.6 милиони возила) и вистински технолошки лидер.

BYD е познат по обемната вертикална интеграција на производствениот процес – компанијата сама ги произведува батериите, електромоторите и повеќето други системи од своите автомобили – а тоа пак овозможува брз развој, брзо унапредување на автомобилите, исклучителна ефикасност и намалување на трошоците.

Blade батериите се една од иновацитие на BYD кои овозможија квантен чекор нанапред кога станува збор за плаг-ин хибридните и електричните автомобили. Овие батерии нудат исклучителна ефикасност, одличен капацитет и врвна безбедност.

На нашиот пазар, на самиот старт BYD ќе нуди седум различни модели. Понудата започнува со новиот електричен Dolphin Surf, а продолжува со Atto 2 DM-i, Atto 3 Evo, Seal U DM-i, електричниот седан Seal, плаг-ин хибридниот седан Seal 6 DM-i и знаменосецот, големиот SUV Sealion 7.

Поврзано:  BYD Da Han: Новиот знаменосец е подолг од Mercedes S-Class и има моќност до 764 КС

Повеќето модели наскоро ќе пристигнат на тест, па ќе ги пренесеме нашите впечатоци. Во меѓувреме, разгледајте ги фотографиите од вчерашниот настан. За повеќе информации, посетете ја официјалната веб-страница за BYD во Македонија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.