BYD го претстави ултра-луксузниот Yangwang Altior – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BYD го претстави ултра-луксузниот Yangwang Altior

Возилото е наменето директно да им парира на врвните европски производители како Rolls-Royce и Maybach.

Димензиите на Altior се импозантни, со должина од 5.600 мм и меѓуоскино растојание од 3.500 мм, што го прави значително подолг од моделите во класата на луксузни бизнис лимузини.

Надворешниот дизајн содржи впечатливи детали, вклучувајќи огромна решетка со светлечки елементи, лого од 24-каратно злато на предниот дел и специјални врати кои се отвораат наназад.

Кабината е фокусирана на ексклузивитет, со четири врвни ергономски седишта, продолжена дрвена централна конзола, вградени фрижидери со двојна функција, преклопен тавански екран од 21,4 инчи и аудио систем со 39 звучници.

Технолошки, Altior ја користи напредрната e⁴ платформа на BYD со четири независни електрични мотори кои овозможуваат прецизно управување со вртежниот момент на секое тркало посебно, како и специјални функции како ротација во место, crab-walk режим и стабилизација на возилото при ненадејно дупнување на гума при големи брзини.

Автомобилот користи ултрабрза електрична архитектура од 1.000 волти која поддржува брзо полнење од 10 до 70% за само пет минути, обезбедувајќи импресивен досег од над 1000 километри според кинескиот стандард CLTC.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!