ВИДЕО: Yangwang U9 Xtreme постигна брзина од 503 километри на час! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ВИДЕО: Yangwang U9 Xtreme постигна брзина од 503 километри на час!

Возилото успеа да ја пробие бариерата од 500 км/ч, достигнувајќи максимална брзина од 503,17 км/ч на затворена делница во Abu Dabi.

Со овој подвиг U9 Xtreme го собори сопствениот претходен рекорд од 496,22 км/ч поставен во Германија претходната година, станувајќи првиот сериски автомобил во историјата кој официјално ја надминал брзината од 500 км/ч.

Зад воланот за време на рекордниот обид беше искусниот германски возач Marc Basseng а постигнувањето донесе нови Гинисови рекорди – најбрз сериски автомобил, најбрз електричен сериски автомобил, како и најбрзи гуми за електрични и патнички возила развиени од Giti.

Неверојатните перформанси се резултат на моќниот погон со четири електрични мотори кои испорачуваат над 3000 коњски сили, напреден електричен систем од 1.200 волти и специјална изведба на батеријата која е направена од страна на BYD. Производството на овој екстремен хиперавтомобил ќе биде строго ограничено на само 30 примероци глобално.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!