full screen background image
Search

Претставен обновениот градски тркач Abarth 595

По подновувањето на Fiat 500, дојде времето и за малиот жесток Abarth да добие освежување со мал редизајн и зголемување на силата.

Италијанците малку ја зголемиле силата на 1.4-литарскиот турбо-бензински T-Jet агрегат кој сега произведува 145 кс во основниот модел и 165 кс во Turismo, што претставува зголемување од 5 кс во однос на претходно кај двете верзии. Најсилната Competizione изведба останува на 180 кс, кои и овозможуваат забрзување од 0-100 км/ч за 6.7 секунди.

Сите верзии доаѓаат усогласени со мануелен пет-степен менувач, а Abarth нуди опција за роботизирана мануелна трансмисија со лопатки за менување на степените. Врвниот Competizione модел за прв пат ќе биде достапен со диференцијал со ограничено пролизгување, преземен од 695 Biposto. За подобрена стабилност и држење на патот, вградени се сет Koni FSD амортизери кај моделите Turismo и Competizione, a кај вториот е додаден и Record Monza издувен систем со високи перформанси.

На екстериерот се забележуваат редизајниран преден дел со поголеми отвори за воздух кои го зголемуваат капацитетот на ладење за 18 проценти, а на задниот дел тука е нов агресивен заден дифузер. Големите 17-инчни Granturismo фелни, кои се нудат кај Turismo Моделите сега се седум проценти полесни од порано и со 50 проценти поголема вентилирачка површина. Предните и задните светла ги добиваат истите измени видени кај Fiat 500 како и што се очекуваше. Abarth ги додаде Modena Yellow, Abarth Red, три-слојната Iridato White и Scorpione во палетата на достапни бои, зголемувајќи го изборот на вкупно 15 различни нијанси.

waesrgdthyuki

Спортскиот оддел на Fiat исто така ја освежи кабината со нови технички материјали вклучувајќи Алкантара и карбон фибер. Основните 595 модели добиваат специфични ткаени седишта со изразена латерална поддршка, додека Turismo верзијата се нуди со избор помеѓу црни, жолто-кафени или црвени кожни седишта. Врвната Competizione изведба доаѓа опремена со тврдокорните Corsa by Sabelt седишта.

Поврзано:   Погледнете го новиот дигитален CARSTORE на Automobile SK!

Тука е и нов волан со зарамнето дно, а инструмент таблата е украсена во различни бои, во зависност од верзијата: боја адекватна на каросеријата за 595, мат сива за Turismo и tar cold сива за Competizione. Последната верзија може да се добие и со опционална карбонска инструмент табла. Во кабината од сега ќе се најде и новиот Uconnect систем за информации и забава, во изведба од 5 инчи во стандардна варијанта. Abarth исто така ќе нуди и 7-нчна верзија од истиот систем со екран со висока резолуција и специјална апликација за телеметрија која дава информации за вашите возачки перформанси.

Обновениот Abarth 595 ќе пристигне на Европскиот пазар во Јуни, а целосната галерија и спецификации од моделот ќе пристигнат порано.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.