Се работи за првиот GTI со погон на задните тркала и воедно најмоќниот сериски GTI модел на брендот досега.
На задната оска се наоѓа еелектричниот мотор кој испорачува 326 коњски сили и 545 Nm вртежен момент. Ова му овозможува на моделот да забрза од 0 до 100 км/час за само 5,6 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 200 км/час.
Моќноста се напојува од батерија со капацитет од 79 kWh, која овозможува возечки досег до 601 километри, според WLTP стандардот. Со брзо полнење со моќност до 183 kW, батеријата се полни од 10% до 80% за околу 29 минути.
Возилото доаѓа со прилагодлива DCC спортска шасија, директно прогресивно управување и систем за контролирано лансирање.
Воведен е и посебен GTI мод, кој ги заострува одзивот на гаста и суспензијата, го менува амбиенталното осветлување во црвено и репродуцира синтетизиран звук од мотор со внатрешно согорување.
Кај надворешноста веднаш се забележуваат карактеристичните GTI детали: црвената линија што се протега помеѓу предните светла, специфичната предна решетка со саќе-структура и вертикалните LED елементи во предниот браник.
Кабината е инспирирана од класичната GTI традиција, доминирана од спортски седишта со нов преклоп на познатиот кариран дезен, црвени шевови и спортски волан со црвена ознака на средината.
Официјалниот почеток на продажбата во Европа е закажан за почетокот на 2027 година, додека цените не се уште објавени.




















