Новиот целосно електричен модел доаѓа со нов дизајн, целосно редизајнирана внатрешност и подобрена технологија.
Новиот ID. Tiguan излгеда далеку поробусно од досегашните ID модели кои ги заменува.
Во внатрешноста, Volkswagen директно одговори на критиките од купувачите преку враќање на физичките копчиња за климатизацијата, но и мултифункционалниот волан.
На централната конзола е поставен нов ротирачки контролер за звукот, а во понудата за прв пат се наоѓа и посебен 12-инчен екран наменет исклучиво за совозачот.
Понудата на погонски системи вклучува три опции: батерија од 58 kWh со 188 коњски сили, 77 kWh со 281 коњска сила и 77 kWh со 295 коњски сили и погон на сите четири тркала.
Според WLTP стандардите, максималниот досег со едно полнење достигнува до 600 километри а возилото поддржува и функција за двонасочно полнење за напојување на надворешни уреди.
Продажбата и преднарачките во европските држави се веќе започнати, а официјалниот почеток на испораките е закажан за пролет догодина.
Интересно е да се напомене дека традиционалните верзии на Tiguan со бензински, дизел и хибридни мотори ќе продолжат да се продаваат паралелно со новиот електричен модел. До кога ќе биде така, останува да видиме.




















