full screen background image
Search

Новата Porsche Panamera пристигна во Скопје!

Штотуку заврши скопскиот Fashion Weekend, а на него беше изложена најновата Porsche Panamera – а ние не можевме да ја пропуштиме шансата одблизу да ја видиме!

Она што го видовме (и можете вие да го видите на фотографиите) е Porsche Panamera 4s. Под поклопецот се крие 2.9-литарски V6 врз кој дишат два турбополначи – а сето тоа значи 440 коњски сили од 5650 вртежи во минута и „стотка“ за само 4.2 секунди (доколку моделот го има Sport Chrono пакетот). Новата Panamera е значителен чекор напред во однос на претходникот – и ако првата генерација изгледаше малку незграпна од некои агли, мораме да признаеме дека новата изгледа навистина одлично!

Се надеваме дека ќе имаме можност да седнеме зад управувачот и подобро да ја запознаеме новата Porsche Panamera – а во меѓувреме ве оставаме со овие фотографии!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.