full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Huracan дрифт околу претставништво на Lamborghini

Еден од највпечатливите автомобили на овогодишниот SЕМА саем беше дрифтерски прилагодениот Lamgorghini Huracan, а неговите нови сопственици го прикажаа во најдобро светло.

Моделот е конвертиран да вози исклучиво на заден погон и е опремен со хидраулична рачна сопирачка, како и бодикит од Vorsteiner. Овој проект беше создаден за Самјуел и Ева Стина Хубинет – сопружници, каскадери во Холивуд, па затоа и не не изненадуваат нивните возачки вештини, кои решија да ги покажат околу неколку други примероци на Huracan на паркингот од претставништво на Lamborghini.

Уживајте во видеото!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.