full screen background image
Search

BMW се фали со 100.000 продадени електрични или хибридни возила, најавува електричен X3 за 2020!

Со вкупно 100.000 електрични или хибридни возила продадени во изминативе неколку години, Баварците се сигурни дека нивната електрична иднина е светла!

i-гамата на BMW беше претставена во Ноември 2013-тата година и е вистински успех за компанијата. Според официјалните податоци, моделите i3 и i8 досега се продадени во повеќе од 70.000 примероци. Малиот i3 е значително попопуларен и е продаден во повеќе од 60.000 примероци, а повеќе од 80 проценти продадени на купувачи кои прв пат купуваат BMW.

Луѓето од BMW се горди на ова, а уште позадоволни се од бројката од вкупно 100.000 електрични или електрифицирани (хибридни) возила продадени досега – секако, тука влегуваат и BMW iPerformance моделите како што е 330e и големиот X5 xDrive40e. BMW веќе најави дека планира да ја прошири i-гамата – веќе е потврден i8 Roadster, но сега веќе најавуваат и посериозно проширување на електричната гама.

bmw-i8-roadster-2

Според најавеното, целосно-електрично Mini ќе започне да се произведува во 2019, а една година потоа ќе пристигне и електричен SUV во форма на електричен X3. Дополнително, BMW планира да лансира електричен знаменосец во 2021-вата година кој сега за сега се нарекува „i Next“ кој ќе добие и технологија за автономно возење.

Сето ова потврдува дека баварскиот производител е сериозен во своите намери да понуди цела гама на електрични возила. Новата Серија 5 има хибридна изведба, а се шпекулира дека понатаму во животниот век на „Петката“ ќе биде лансирана и електрична верзија од автомобилот.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.