Larte Design го тјунираше BMW XM – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Larte Design го тјунираше BMW XM

Доколку имате XM но фабричкиот дизајн не ви е доволно контроверзен, Larte Design се тука за да ви помогнат околу таа проблематика.

Најголемата поединечна промена на предниот дел е хаубата, каде што фабричката е заменета со верзија од зелен карбон која има отвори за ладење од двете страни.

Меѓу новите елементи се издвојуваат предниот сплитер, рамките околу отворите за воздух, како и новите акценти сместени околу предната решетка.

XM сега поседува комплет тркала во истата боја со детали од зелен карбон, како и нови карбонски странични прагови, проширени калници и капаци на ретровизорите.

Во задниот дел, од покривот се издигнува нов карбонски спојлер во зелена нијанса, а вграден е и целосно нов дифузор, кој доаѓа во комплет со соодветно изработени карбонски издувни цевки.

Целосниот карбонски боди-кит чини околу 42.000 евра, додека верзиите од композитен материјал почнуваат од 29.500 евра.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!