full screen background image
Search

BMW на CES покажа грст напредни технологии преку i Vision Future Interaction

Баварците го искористија Consumer Electronics Expo да покажат i8 Spyder кој ги изгуби вратите, но добив грст нови напредни технологии кои еден ден ќе пристигнат и кај обичните автомобили!

Целта на BMW беше да прикаже како би можел да изгледа корисничкиот интерфејс на нивните автомобили во иднина. Некои од најважните елементи ес големиот, 21-инчен панорамски дисплеј поставен пред совозачот, целосно дигиталниот, 3D дисплеј во панелот со инструменти, и head-up дисплејот со висока резолуција.

Секако (и очекувано), концептот доаѓа со технологија за автономно возење, а дисплејот пред совозачот може да се користи за видео-телефонија кога автомобилот е во автономен режим. Во овој режим, возачот и совозачот имаат и неограничен интернет пристап. Баварците отидоа чекор понатаму па скоро ги елиминираа сите копчиња и прекинувачи – остана единствено Drive Selector прекинувачот на левата страна на управувачот. Возачот може да избере меѓу три режими – рачен, асистиран и автоматски. Во првиот режим, возачот има целосна контрола врз автомобилот, во вториот режим автомобилот има можност да интервенира во случај на незгода, а автоматскиот режим му ја препушта целосната контрола на автомобилот.

bmw-ces-dash

Бидејќи нема прекинувачи, BMW ја претстави најновата генерација на AirTouch технологијата која користи гестикулации за управување со автомобилот. Сензорите се вградени во контролната табла и реагираат на гестикулации на рацете на возачот. Преку овие гестикулации се контролираат екраните, а по потреба постојат два дополнителни прекинувачи на управувачот со кои би се потврдиле инструкциите. Меѓу другите поинтересни технологии, ги издвојуваме и страничните и внатрешните камери кои ги заменуваат класичните ретровизори, и кои според BMW во многу блиска иднина ќе ги видиме и кај обичните модели. Интересно, BMW прикажа и технологии кои се интегрирани со веќе-постоечки уреди – на пример, покажаа BMW i3 кој се паркира самиот, без вие да бидете во него – и сето тоа се контролира преку Apple Watch!

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: M5 CS е најмоќниот автомбил во историјата на BMW!

Дополнително, BMW на CES ја прикажа својата визија за Connected платформата, која сега го вклучува Open Mobility Cloud и овозможува поврзување меѓу разни возила вклучени во сообраќајот и овозможува комуникација меѓу нив. Благодарение на оваа комуникација, автомобилите ќе знаат (но и ќе можат да известуваат) за препреки на патот, ризични ситуации, итн. Интересен концепт!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.