full screen background image
Search

Објавени првите фотографии од новиот Hyundai IONIQ

Корејскиот производител ги објави првите официјални фотографии, но и многу официјални детали за новиот IONIQ!

Веќе пишувавме за новиот IONIQ, но вреди повторно да потенцираме дека автомобилот е базиран на нова платформа која од самиот почеток е дизајнирана да може да носи три различни, високо-економични погони. Автомобилот е направен од челик со висока цврстина, но и алуминиум, а со тоа намалува околу 45% од тежината на вратите, поклопците на моторот и багажниот простор, но и суспензијата.

Според она што го кажуваат од Hyundai, IONIQ е развиен да понуди диманично возење и управување, а со тоа да се издвои од директните конкуренти. Батериите се поставени ниско и нанапред, со цел да се понуди пониско тежиште, а со тоа подиректно и постабилно управување, а чекор понатаму во оваа насока е мултилинк суспензијата.

Сега малку можеме да зборуваме и за моторите. Веќе знаеме дека IONIQ ќе се нуди како електрично возило, плаг-ин хибрид или пак обичен хибрид. Доколку изберете еден од хибридите ќе добиете 1.6-литарски Kappa GDi бензинец кој е развиен исклучиво за хибрдина имплементација. Во комбинација со електромоторот, ќе добиете 105 коњски сили од бензинецот и 47 коњски сили од електромоторот. Hyundai ја истакнува и водечката термална ефикасност од 40%, но и бризгалките за гориво кои работат на 200 бари притисок и дополнително ги намалуваат потрошувачката и емисијата на издувни гасови.

Во IONIQ ќе се користи Литиум-Јонска Полимерна батерија која би требало да понуди одлични перформанси за полнење и празнење. Преносот е преку менувач со двојна спојка што би требало да обезбеди брзо и мазно менување на брзините.

Поврзано:   Hyundai сè повеќе ја открива спортската Kona N

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.