full screen background image
Search

Suzuki полека но сигурно го открива новото Baleno!

По релативно криптичната најава од неодамна, Suzuki ги објави првите целосни фотографии од новото Baleno!

Според најавите од Suzuki, новото Baleno ја користи експертизата на брендот да прави автомобили кои „испорачуваат вредност многу поголема од нивната големина.“ Според Suzuki, новиот хечбек ќе нуди пространа кабина и доволно багажен простор, како и грст нови технологии.

Suzuki-Baleno-3

Новото Baleno ќе биде базирано врз целосно нова платформа, ќе има нов 1-литарски Boosterjet турбо-бензинец, но и SHVS (Smart Hybrid Vehicle by Suzuki) компонента која го помага работењето на моторот. Ова би требало да понуди забавно, но пред сè економично возење.

Suzuki-Baleno-2

Baleno ќе биде своевидна алтернатива на популарниот Swift. Премиерата е закажана за саемот на автомобили во Франкфурт, кога и ќе имаме сите детали. Европската продажба ќе започне следната пролет.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.