full screen background image
Search

Освежен DS 4, претставена и Crossback варијантата!

Како што забележувате, во DS 4 веќе го нема името Citroen, ниту пак некаде на автомобилот го има двојниот шеврон на францускиот бренд – сè со цел да се издвои DS линијата како вистински премиум бренд!

Новиот DS 4 ќе го препознаете по затегнатите линии, новиот корпоративен преден дел и новите DS LED Vision предни светла. Ќе бидат достапни нови бои, како и нови комбинации на бои, а за оние кои сакаат „урбани и екстра-урбани авантури“ тука е Crossback изведбата. Оваа верзија е 30 милиметри повисока од стандардната, има дополнителни заштитни пластики и има за нијанса изменет заден дел.

Обете верзии ќе бидат достапни со широка лепеза на мотори – понудата започнува со PureTech 130 S&S кој нуди 130 коњски сили и 230 Nm. Над него е THP 165 S&S кој нуди 165 коњски сили и 240 Nm преку нов 6-степен автоматски менувач. Достапен само на регуларниот DS 4, тука е и THP 210 S&S кој нуди 210 коњски сили и 285 Nm вртежен момент.

Доколку сакате дизел, понудата започнува со BlueHDi 120 S&S – кој нуди (погодувате) 120 коњски сили, но и 300 Nm вртежен момент. Оние кои сакаат повеќе моќ ќе можат да го добијат BlueHDi 150 S&S  со 150 коњски или и 370 Nm. Врвот на дизелската понуда е BlueHDi 180 S&S кој нуди 180 коњски сили и 400 Nm вртежен момент, и се нуди само со автоматски менувач.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.