Утринска Гимнастика: Со My:Time на F1! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Со My:Time на F1!

Нашите пријатели од My:Time организираа картинг натпревар за своите купувачи, а победникот го испратија на F1 во Spa-Francorchamps – погледнете како сето тоа изгледаше!

Пред околу еден месец, My Time со поддршка од Casio Edifice, организираше едно од најдобрите картинг случувања забележано во последниве години во Македонија. Лојалните клиенти на My Time се натпреваруваа во возење картинг за да ја освојат главната награда – VIP патување на F1 Grand Prix во Spa Francorchamps во Белгија.

Натпреварот беше преточен во одлична забава, придружена со многу адреналин, насмевки и весела публика. Победник на настанот беше Драган Георгиевски, кој го освои патувањето за Белгија, а натпреварувачите кои освоија второ и трето место се стекнаа со вредносни ваучери.

Стазата во Спа е домаќин на Белгискиот Grand Prix и е една од најубавите и најбрзите стази во Европа. Како што ќе забележите од сликите и видеото, Драган и тимот на My Time, заедно со претставниците на Casio Europe одлично се забавуваа на F1 трката во Белгија.

Да не должиме многу, во продолжение погледнете ги видеото и фотографиите.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.