Tesla официјално го претстави новиот електричен кросовер – Model X! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Tesla официјално го претстави новиот електричен кросовер – Model X!

Tesla Model X нуди опции за 6 или 7 седишта, автономија од 413 километри и перформанси од кои застанува здивот!

Новиот модел во гамата на Tesla – електричниот кросовер/SUV наречен Model X – нуди импресивна автономија од 257 милји (околу 413 километри) а благодарение на врвната технологија која се крие позади овој автомобил, и перформанси од кои ќе ви застане здивот.

На почетокот ќе се нудат две верзии – едната ја носи ознаката Tesla Model X 90D и овој модел има автономија од 413 километри. Посилниот модел ја носи ознаката Tesla Model X P90D и може да помине 402 километри со едно полнење – но и да понуди забрзување до 100 километри на час за само 3.2 секунди – ова се бројки обично резервирани за ултра-егзотичните автомобили!

Овие перформанси се добиваат благодарение на 259-коњскиот мотор кој ги придвижува предните тркала и 503-коњскиот мотор кој ги придвижува задните тркала. Купувачите ќе можат да одберат меѓу конфигурација со 6 или 7 седишта (во формат 2+2+2 или 2+3+2). Други интересни детали се активниот безбедносен истем, радар и сонар системи, автоматски кочници дури и при големи брзини, клима уред кој го прочистува воздухот и има Bioweapon Defense Mode режим на работа кој креира позитивен притисок во кабината со цел да ги заштити патниците.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.