ПРЕМИЕРА: Новиот Tesla Roadster може да… Лета? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Новиот Tesla Roadster може да… Лета?

Скоро 10 години по најавувањето на втората генерација Roadster, Tesla вчеравечер го покажа новиот Roadster кој… Може да лета?

Tesla го претстави новиот Roadster. Автомобилот кој најверојатно највеќе се поврзува со терминот Vaporware (продукт кој е најавен, но никогаш не резултира со финален продукт) доби своја нова изведба и може да прави работи кои… Некако делуваат неверојатни.

Tesla тврди дека новиот Roadster забрзува до 60 милји на час (96 километри на час) за една секунда, а на вчерашната презентација го постигна истото за 0.81 секунда. Океј, ама како? Па, интересно е дека за лансирање користи „трастери“ кои се директен продукт од развојот на SpaceX. Истовремено, има и вентилатори кои го „вшмукуваат“ автомобилот во подлогата под него и генерираат повеќе од 2000 килограми негативен притисок – а тоа значи дека Roadster може да вози „наопачки“. Океј, не е прв автомобил кој успеал да го направи тоа – истото го направи уште минатата година британскиот McMurtry Spéirling.

Она што не го направи британскиот автомобил е.. Летање. Добро де, не е баш летање, туку е лансирање по нагорнина, целосно ротирање слетување со користење на трастерите добиени од ракетите на SpaceX. Признаваме, импресионирани сме. Вкупно 10 трастери го овозможуваат маневрирањето во воздух, а трастерите користат воздух под висок притисок кој се складира во два 600-литарски резервоари во автомобилот. Според Илон Маск, воздухот е обичен атмосферски воздух и компресори можат одново да ги наполнат резервоарите за воздух додека автомобилот нормално се вози по улици.

Tesla најави дека Roadster ќе има Steer by Wire, Brake by Wire и Throttle by Wire, односно дека нема да има никакви физички врски меѓу управувањето и тркалата, сопирачките и педалите и управувачот и тркалата, туку дека сè ќе биде електрично. Сепак, она што се кажува (или можеби не се кажува) е дека прикажаниот автомобил не е сериски автомобил, туку концепт. Што и како и колку ќе пристигне во сериско производство, останува да видиме.

Дополнително, Tesla не објави никакви дополнителни информации – немаме никакви информации околу батериите, електромоторо, автономијата.. Она што е објавено е дека ќе има три различни конфигурации – Performance, Thrust и Rocket. Performance верзијата може да се резервира со депозит од само 50.000 долари. Thrust е изведбата која постигнува 100 километри на час за 1 секунда и резервацијата за неа чини 250.000 долари. Rocket – онаа верзија која може да „лета“ – е верзија со само едно седиште и ќе биде достапна „само со покана“.

И сега, дали и новиот Roadster ќе биде Vaporware? Па… Ако сме искрени, вистината е дека автомобил кој „лета“ (барем во оваа конфигурација) нема никогаш да биде достапен во сериско производство. Не постои легислатива која ќе дозволи вакви автомобили, со овие технологии да бидат достапни за јавна употреба. Што мислите, што се се случи во Дебар Маало, ако 10 вакви автомобили почнат да летаат наваму-натаму? Одличен маркетинг за Илон Маск и Тесла и потенцијален раст на вредноста на акциите.. Но во вистинскиот свет?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.