full screen background image
Search

Официјално отворен новиот салон на М Кар, новиот импортер на BMW и MINI!

Вчеравечер, во пригодна и свечена атмосфера и официјално беше отворен новиот салон на М Кар, новиот македонски импортер на BMW и MINI, а поканетите гости беа изненадени со македонските премиери на новите BMW X1 и големата Серија 7!

Како што пишувавме, новиот салон е на старо-новата локација, и веќе официјално е отворен и подготвен да ги услужи како старите, така и новите клиенти на BMW и MINI.

Вчерашното отворање помина во свечена атмосфера, а гостите имаа можност одблиску да ги видат автомобилите кои се дел од понудата на BMW и MINI, но и да бидат присутни на не една, туку две македонски премиери – првата на новиот компактен SUV – BMW X1 – а втората на големата, луксузна лимузина која е навистина преполна со нови и напредни технологии – големата Серија 7.

Свое обраќање имаа и амбасадорот на Република Бугарија – г-динот Иван Петков, амбасадорката на Федерална Републиа Германија, г-ѓа Кристина Алтхаусер, како и господинот Винченс Росман, ареа менаџерот на BMW за Африка, Кариби и Источна Европа.

Ви пренесуваме фотографии од вчерашното отворање кои ги улови нашиот објектив. На М Кар му го честитаме отворањето и му посакуваме многу успех и успешна соработка во иднина!

Фотографија: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.