Премиера: Новиот Fiat 124 Spider! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Новиот Fiat 124 Spider!

Италијанскиот производител конечно го претстави својот нов отворен спортски автомобил – малиот Fiat 124 Spider доаѓа на сцената и ќе понуди забава под отворено небо!

Како што и очекувавме, Fiat 124 Spider дели голем дел од своите компоненти со Mazda MX-5, но според Италијаните – 124 Spider ќе нуди чисто-италијанско искуство зад воланот!

„Нема подобар начин да се прослават 50 години на Fiat 124 Spider од враќањето на иконскиот роудстер, и да се впари италијанскиот стајлинг од минатото со модерните перформанси и технологии на денешницата“ – рече Olivier François, кој е на чело на Fiat Brand во FCA.

Иако ја дели платформата со Mazda MX-5, Fiat 124 Spider изгледа целосно различно од својот јапонски партнер. Веднаш се забележуваат овалните предни светлосни структури, изразените отвори за воздух и поагресивните „рамења“ кон задниот дел. Првите импресии се одлични!

Под поклопецот се крие 1.4-литарски турбо-бензинец развиен од Abarth кој нуди одлични 160 коњски сили и 241 Nm вртежен момент, а силата се пренесува кон задните тркала преку 6-степен мануелен менувач. На почетокот ќе се нудат две нивоа на опрема – Classica и Lusso, како и шест бои на екстериерот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.