580 коњски сили кон задните тркала – претставен Lamborghini Huracan LP580-2! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

580 коњски сили кон задните тркала – претставен Lamborghini Huracan LP580-2!

Lamborghini ги изненади вљубениците во брендот и ненајавено ја претстави можеби најинтересната изведба на Huracan – онаа која силата ја пренесува само кон задните тркала!

Huracan LP580-2 e 33 килограми полесен од својот брат кој граба „на сите четири“, но истовремено доаѓа со суспензија и управување калибрирани за „попрецизно вртење“ – а тоа значи повеќе забава.

Како што претпоставувате, 5.2-литарскиот атмосферски V10 сега испорачува 580 коњски сили и 540 Nm вртежен момент. Нијанса помалку од стандардниот Huracan, кој има 610 коњски сили и 560 Nm вртежен момент. Сепак, на LP580-2 му требаат само 3.4 секунди до 100 километри на час, и постигнува максимални 320 километри на час (0.2 секунди повеќе и 5 километри помалку од стандардниот модел).

Ќе забележите дека и екстериерот е малку изменет. Нам не ни се допаѓа премногу новиот браник, но ќе го прифатиме. Нови се и 19-инчните Kari тркала кои се обвиени во Pirelli PZero гуми, развиени ексклузивно за овој модел.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.