full screen background image
Search

Ford ја проширува европската понуда – доаѓа Ka+

Позиционирана под Fiesta, новата Ka+ на Ford треба да ги привлече помладите купувачи благодарение на одличната просторна понуда, но и економичните мотори.

Ford Ka се покажа како успешна приказна за Ford, особено првата генерација која постави нови стандарди во класата кога за прв пат се појави на пазарот. Со новата Ka+, Синиот Овал ќе се обиде да ја продолжи успешната приказна и започна да го продава моделот кој веќе успешно се продава на неколку големи светски пазари.

ford-kaplus-rear

Ka+ e пократка, но повисока од Ford Fiesta. Нуди 270 литри багажен простори деллива задна клупа. Купувачите ќе можат да изберат меѓу две верзии на истиот 1.2-литарски Duratec бензинец кој нуди 70 или 85 коњски сили. Моторот ќе се нуди исклучиво с 5-степен мануелен менувач, а целиот погон е ориентиран повеќе кон економичноста наместо кон перформансите – Ford најавува потрошувачка од само 5 литри на 100 километри и ниска емисија на CO2 од само 114 грама на изминат километар.

ford-kaplus-interior

За да ги постигнат овие бројки, инженерите на Ford направија неколку ситни но значајни измени – монтирани се гуми со низок коефициент на отпор, а направени се и измени во аеродинамичните компоненти на возилото – како што се предниот браник, централната маска, итн.

Меѓу сериската опрема, во Ka+ се вбројуваат шест воздушни перничиња и ESP систем за стабилност на возилото – секако, тука се и ABS и TCS системите против блокирање на сопирачките и за контрола на тракцијата. Европските цени се веќе познати, и во Германија Ka+ ќе чини од 9900 евра.

Поврзано:   Ford го претстави новиот купе-кросовер наречен Evos

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.