full screen background image
Search

Новиот Fiat 124 Spyder е официјално лансиран во Европа

Најновиот италијански роудстер конечно пристигнува на европскиот пазар – токму на време за летната сезона.

Новиот Fiat 124 Spyder – познат и како италијанскиот роднина на Mazda MX-5 – ги комбинира ретро одликите од неговиот класичен претходник со модерен дизајн. Кружните светлосни групи, скулптурираниот поклопец на моторот и хексагоналната предна решетка се стилски елементи инспирирани од оргиналниот модел од 1966.

Дизајнот на ентериерот од друга страна е речиси целосно преземен од Mazda, со исклучок на користените материјали, како кожата со нагласени опшивки на седиштата, управувачот и рачката од менувачот.

Fiat_124-Spider_03

Европските купувачи ќе можат да го добијат 124 Spyder со 1.4-литарскиот турбо-бензински мотор со 140 кс и 240 Nm максимален вртежен момент. Новиот роудстер на Fiat може да забрза од 0-100 км/ч за 7.5 секунди на патот кон неговата максимална брзина од 215 км/ч. Италијанскиот модел може да се пофали со релативно ниска тежина од само 1050 килограми.

Fiat 124 Spyder ќе биде понуден во две нивоа на опрема – 124 Spyder и Lusso – двата достапни во избор од осум различни бои на каросеријата. Системот за информации и забава со дисплеј од 7 инчи ќе биде достапен во двете нивоа на опрема и ќе располага со HD Radio, MP3 Player, два влеза за USB, влез за AUX, шест звучници, контрола за мултимедија и 3D навигационен систем.

Нарачките се веќе отворени, а продажбата на новиот Fiat 124 Spyder ќе започне во Италија на 18-ти Јуни, по цена од околу 27.500 евра.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.