Францускиот производител ја претстави новата генерација на модерниот Scenic, кој сега комбинира практичност од моноволумен со стил на кросовер.
Renault го опреми Scenic со стандардни 20-инчни тркала за да го направи да изгледа како да вози на повисока суспензија – што секако не е така. Со други зборови, моноволуменот е поставен на 20-инчни фелни со единствена причина – да изгледа убаво. Сепак, доколку сте загрижени за нерамнините на патот, бидете спокојни бидејќи пневматиците на новите тркала имаат странични ѕидови со висина од 107 mm – еднакво како и пневматиците на 17-инчните тркала на стариот модел. Што значи дека новиот модел ќе вози прилично комотно без разлика на условите на патот. Споредено со претходната генерација, автомобилот е 40 милиметри подолг и 20 милиметри поширок.
Што се однесува до практичноста, новиот Renault Scenic доаѓа со лизгачка централна конзола со 13 литри простор за складирање, 60/40 поделба на вториот ред на седишта, еден преклоплив екран на допир за задните седишта, 572 литри багажен простор, како и широк асортиман на прегради за складираање низ кабината и подот.
Палетата на мотори ќе содржи 1.5 и 1.6-литарски dCi дизелски агрегати со сила во распон помеѓу 95 и 160 кс, додека за љубителите на бензински мотори ќе бидат понудени две TCe единици со 115 кс и 130 кс. Почнувајќи од оваа година, Renault исто така ќе ја нуди и таканаречената Hybrid Assist електрична опција за Energy dCi 110 дизелскиот агрегат поврзан со шест-степен рачен менувач. Всушност, овој систем ја апсорбира енергијата од забавување и сопирање и користи 48-волтна батерија, овозможувајќи му на електричниот мотор да го поддржи моторот со внатрешно согорување, кој останува во континуирана работа.
4CONTROL системот за управување со сите четири тркала е во листата на дополнителна опрема и може да биде комбиниран со MULTI-SENSE технологија кој му овозможува на возачот да го прилагоди неговото возачко искуство со модифицирање на педалот за забрзување и одзив на моторот, прилагодување на брзината на промена на степените од EDC автоматската трансмисија и контролирање на тврдината на управување со воланот, промена на осветлувањето во кабината и функција за масажа на возачкото седиште.
Scenic доаѓа со истиот 8.7-инчен R-Link 2 дисплеј кој го видовме кај Espace и Talisman, но ќе мора да одберете повисоко ниво на опрема за да уживате подобности како препознавање на глас и апликации. Другите погодности ги опфаќаат горниот дисплеј на ветробранското стакло и BOSE Surround систем со 11 звучници со висока моќност.
Новиот Scenic нуди и Активен систем за сопирање во итни случаи со детекција за пешаци во сериска опрема, што е за прв пат во сегментот на моноволумени.
Renault објави дека Grand Scenic верзијата ќе дебитира пред летово, со тоа што двете верзии ќе излезат во продажба оваа зима.