Renault ја зголеми ефикасноста на 5 E-Tech и додаде нов основен модел со брзо полнење – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault ја зголеми ефикасноста на 5 E-Tech и додаде нов основен модел со брзо полнење

Новата основна верзија ќе добие литиум-железо-фосфатна батерија со капацитет од 36,5 kWh, како и нов електромотор со моќност од 109 коњски сили.

Аеродинамичките подобрувања на долниот дел од каросеријата и ретровизорите, заедно со оптимизираната софтверска контрола на батеријата, овозможија да се извлече поголем домет од постоечките батериски пакети со капацитет од 40 kWh и 52 kWh.

Помалата Urban Range верзија сега нуди автономија од 315 км според WLTP циклусот, што е благ скок во однос на претходните 312 км, додека позначајно подобрување добива изведбата Comfort Range со батерија од 52 kWh, чиј досег се зголеми од 410 на 430 километри.

Најголемата вест се однесува на основната верзија од понудата, која ќе добие литиум-железо-фосфатна батерија со капацитет од 36,5 kWh, како и нов електромотор со моќност од 109 коњски сили.

Новата основа варијанта има помал капацитет од сегашниот модел од 40 kWh, но Renault тврди дека оваа полесна LFP верзија ќе има возечки досег до 305 км.  Основниот модел како стандардна опрема, сега добива брз полнач со моќност од 80 kW, покрај стандардниот AC полнач од 6,6 kW.

Во внатрешноста, тапацирот кај највиското ниво на опрема Iconic преминува од жолта во посуптилна сина нијанса, а вграден е и нов Qi2 безжичен полнач за мобилни телефони кој овозможува полнење до 50% за еден час.

Исто така, преку софтверско ажурирање, возилото го заменува Google Assistant со Google Gemini, што ветува значително поприродна конверзација со гласовните команди на автомобилот.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!