full screen background image
Search

Abarth 124 Spyder доаѓа со спортски став и 170 коњски сили!

Ако постои една работа која му фалеше на неодамна лансираниот ретро инспириран Fiat 124, тоа е неговата Abarth верзија со посилни перформанси.

Новиот Abarth 124 Spyder тукушто пристигна на автомобилскиот саем во Женева! Од стандардниот модел, визуелно најмногу се разликува по агресивниот бодикит, кој опфаќа редизајниран преден браник со големи отвори за воздух, нов заден браник и заден спојлер, сите обликувани во аеродинамичен тунел со цел да се подобри протокот на воздух. Израстоците на поклопецот од моторот заедно со неговата црна боја се дел од одликите кои го поврзуваат со оргиналниот 124 Spyder.

Развиен заедно со тимот Abarth Racing, моделот модифициран да предизвика широка насмевка на секој што ќе седне во возачкото седиште. А тоа не е тешко да се поверува, кога ќе се земе во предвид дека доаѓа сериски опремен со диференцијал со ограничено пролизгување, лесна конструкција и перфектен распоред на тежината.

wergyhd

Со маса од само 1,060 килограми, подеднакво распоредени напред и назад за перфектна 50/50 поделба, Abarth 124 Spyder може да се пофали со однос на сила наспрема тежина од 6.2 кг/кс, поставувајќи нова врвна граница во сегментот на спортски роудстери. Одржувањето на ниска тежина било важен фактор во развојот на автомобилот, така што инженерите се обиделе да го исцедат секој грам каде што било можно да се обезбеди лесна конструкција без да се оштети балансот на автомобилот.

Под поклопецот се наоѓа 1.4-цилиндарски четири-цилиндарски MultiAir Turbo агрегат кој произведува 170 кс и 250 Nm вртежен момент. Тоа е доволно за да го забрза моделот од 0-100 км/ч за 6.8 секунди до максималната брзина од 230 км/ч. За уште повеќе да го истакне спортскиот карактер на автомобилот, Abarth додале Record Monza издувен систем кој ќе го направи звукот на четири-цилиндарецот поагресивен.

Поврзано:   Fiat Centoventi е најдобар концепт според Car Design News!

Abarth-124-4

Моделот е во понуда со шест-степен мануелен или автоматски Sequenziale Sportivo менувач, од кои вториот е внимателно тјуниран да го искористи целиот вртежен момент на агрегатот и да испорача автентични тркачки сензации. Тука е и спортски режим кој ќе го подобри одзивот на палките позади воланот.

Ништо не е оставено неизменето, па за стабилноста на патот се задолжени нови амортизери со потекло од Bilstein, заедно со поцврсти стабилизатори и Brembo систем за сопирање со алуминиумски предни клипови.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.