full screen background image
Search

Хибридната KIA Niro доаѓа во Женева

Новиот хибриден кросовер на KIA ќе ја има својата европска премиера на Саемот на Автомобили во Женева.

Niro е првиот модел на KIA кој од самиот почеток е замислен да биде хибриден модел. Кросоверот ја дели платформата со Hyundai Ioniq и ќе биде придвижуван од 1.6-литарски бензински мотор со 103 коњски сили и електромотор кој нуди дополнителни 43 коњски сили. Интересно е што Kia одлучи наместо CVT менувач (кој традиционално се вградува во хибридните автомобили и е мета на честа критика на автомобилските ентузијасти) да вгради посовремен 6-степен автоматски менувач со двојна спојка.

Батеријата тежи само 33 килограми, а автомобилот има исклучително аеродинамична каросерија со коефициент на отпор од само 0.29 Cd. Иако сè уште не се објавени точните перформанси ниту пак деталите околу потрошувачката, инжинерите на Kia се стремат кон емисија на штетни гасови од само 89 грама CO2 на изминат километар.

Според Michael Cole, претседателот на KIA Europe, “Niro ќе им понуди на купувачите привлечна мешавина од практичност на кросовер со модерен и кул стајлинг по кој KIA е препознатлива, како и ефикасен хибриден погон со цел да се намалат трошоците. Дополнително, Niro пополнува празнина на пазарот и нуди кросовер со ниска емисија на штетни гасови – и тоа ќе привлече многу Европски купувачи.“



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.