full screen background image
Search

Официјално: Ова е новото Volvo V90!

Шведскиот производител пред само неколку минути официјално го претстави новиот караван – големиот V90!

Новиот шведски караван ќе се нуди со неколу различни мотори. Понудата на бензинци ја сочинуваат T5 кој нуди 254 коњски сили и 350 Nm вртежен момент, потоа T6 AWD кој нуди 320 коњски сили, 400 Nm и погон на сите четири тркала, како и врвниот T8 AWD кој во хибридна комбинација нуди вкупно 407 коњски сили и вкупно 640 Nm вртежен момент. Доколку се одлучите за турбодизел, во понудата ќе ги најдете D4 со 190 коњски сили и 400 Nm, како и помоќниот D5 AWD со 235 коњски сили и 480 Nm вртежен момент. Сите мотори се со зафатнина од 2 литри и имаат по четири цилиндри.

Volvo V90 Location Front 7/8

Volvo V90 Location Front 7/8

Големиот V90 е долг 4936 милиметри, широк 2019 милиметри и висок 1475 милиметри, и има меѓуоскино растојание од 2941 милиметар, а на возачот и патниците им стојат на располагање вкупно 1526 литри багажен простор – одлични бројки кои ветуваат многу комфор и практичност. Бидејќи е базиран на Scalable Product Architecture платформата на Volvо, брендот има многу различни опции за опремување на автомобилот.

Volvo V90 Location Profile

Volvo V90 Location Profile

„Имаме навистина силна понуда со V90. Нашата PowerPulse технологија е дизајнирана да понуди зголемени перформанси кај турбодизел моторите, а T8 Twin Engine бензинскиот хибрид ќе нуди околу 410 коњски сили и електрична автономија од 50 километри“ – изјави Dr. Peter Martens, одговорниот за истражување и развој во Volvo Cars.

PowerPulse технологијата доаѓа како дополнителен механизам со цел да го елиминира таканаречениот турбо-лаг. Иако моторите веќе имаат варијабилни турбини, Volvo им додаде и електричен компресор кој има посебен резервоар. Компресорот повлекува воздух и го складира во дволитарски резервоар. Кога возачот силно ќе ја притисне педалата за гас се отвора вентил кој под силен притисок ослободува воздух во издувниот систем, го забрзува турбото и резултира со дополнително намалување на несаканиот турбо-лаг.

Volvo V90 Studio Interior

Volvo V90 Studio Interior

Новиот V90 ветува многу простор, одличен дизајн и модерни технологии. Плус, нам навистина ни изгледа одлично и со нетрпение ја чекаме можноста да седнеме зад воланот.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Volvo ќе стане целосно-електричен бренд, го претстави C40 Recharge!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.