Lexus го најавува наследникот на LS со водородниот LF-FC концепт – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lexus го најавува наследникот на LS со водородниот LF-FC концепт

Јапонскиот производител на хај-тек премиум автомобили ја најавува иднината на своите големи луксузни седани со LF-FC концептот кој е придвижуван од водородна горивна ќелија.

Lexus во Женева ќе биде во полн ефект – покрај LF-FC концептот ќе го донесе и хибридното LC500h хибридно купе – но сепак поважниот новитет е токму најавата за идниот голем седан на брендот.

Европското деби на LF-FC најавува сериски автомобил кој ќе користи водород како гориво и кој би требало да се појави на пазарот најкасно до 2020-тата година. Она што е веќе потврдено е дека сериски автомобил базиран на LF-FC со потрадиционален погон ќе се појави на пазарот во следните неколку години, и ќе биде замена за големиот LS седан на Lexus, но сега Lexus помалку или повеќе официјално потврди дека и водороден модел ќе оди во сериско производство.

Челниците на Lexus веруваат дека водороден погон е „идеалниот избор за сегментот на луксузни автомобили“, највеќе заради исклучително мирното работење, големата автономија и одличната ефикасност. Водородниот систем кој се вградува во LF-FC концептот е интересен – примарно ги придвижува задните тркала преку електромотори кои се напојуваат од горивната ќелија, но по потреба може пренесе сила и кон два електромотори поставено во предните тркала, и всушност да му даде на големиот седан погон на сите четири тркала. Системот има Т-форма, и според Lexus нуди идеална дистрибуција на тежината.

Секако, Lexus не би бил Lexus доколку не понуди и врвна технологија – па со LF-LC концептот ќе видиме автономни технологии, контроли преку гестикулации, и уште многу, многу повеќе.

 

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.