full screen background image
Search

Новиот Audi A5 пристигна и кај нас!

Еден од најновите модели во гамата на Audi – купето кое ја носи ознаката А5 – пристигна во Македонија!

Новиот А5 пристигна и кај нас. Купето базирано на најновата генерација на Audi A4 (кој ние го возевме минатата година) пристигна кај нас. Примерокот кој е изложен е во црна боја, со S-Line пакет (кој дополнително ги затегнува линиите) и одлично изгледа на големите фелни од лесна легура.

audi-a5-skopje-interior

Како што веќе знаеме, Audi A5 може да се нарача со еден од неколкуте различни турбо-бензински и турбодизел мотори. Кај бензинците, понудата започнува со А5 2.0 TFSI со 190 коњски сили и оди сè до S5 кој благодарение на 3-литарски турбо V6 има на располагање 350 коњски сили и забрзува до 100 километри на час за 4.5 секунди.

audi-a5-skopje-rear

Доколку сакате турбодизел, понудата започнува со 2-литарскиот TDI кој нуди 190 коњски сили, а може да се добие и 3-литарскиот TDI кој се нуди кај Audi Q7 и испорачува 218, односно 290 коњски сили!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.