Златно Тркало 2024: Ги одбравме кандидатите за овогодинешниот најпосакуван нов автомобил! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Златно Тркало 2024: Ги одбравме кандидатите за овогодинешниот најпосакуван нов автомобил!

Започнуваме нов, јубилеен петти избор за Најпосакуван Нов Автомобил во Македонија и со задоволство ја објавуваме листата на овогодинешните кандидати.

Денес официјално го започнуваме новиот, јубилеен петти избор за Најпосакуван Нов Автомобил во Македонија. Изборот го нарековме Златно Тркало и пред пет години го започнавме со колегите од Автоплус, CarsByVik и RPM.mk.

Годинава заедно со вас – нашите читатели – ќе ги одбереме победниците во дури пет различни категории. Оваа година ќе бираме Најпосакуван Семеен Автомобил, Најпосакуван Градски Автомобил, Најпосакуван Електрифициран Автомобил, Најпосакуван Премиум Автомобил и секако главната награда – Најпосакуван Нов Автомобил во Македонија.

Оваа година ќе се натпреваруваат дури 16 различни возила, а листата е прилично шаренолика. Сакате луксузен SUV? Имаме! Сакате компактен, градски автомобил? Имаме и неколку такви. Сакате голем електричен седан? Повторно – има и тоа! Всушност, мислиме дека не би згрешиле ако кажеме дека имаме за секого по нешто – и се гордееме со тоа!

Најпосакуван Семеен Автомобил:

Најпосакуван Градски Автомобил

Најпосакуван електрифициран автомобил

Најпосакуван Премиум Автомобил

Најпосакуван Автомобил во Македонија

Како што и самите можете да видите, некои од кандидатите ни се веќе добро познати бидејќи сме ги возеле нашите тестови се веќе објавени. Некои во моментов ги возиме, а некои наскоро „ќе дојдат на ред“. Секако, ќе ги пренесеме нашите впечатоци за секој од кандидатите, а вие ќе можете да гласате и самите да ги одберете вашите фаворити. Токму вие – нашите читатели – ќе ги одберете најпосакуваните автомобили во Македонија!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.