Во салонот на Аутомакедонија пристигна новиот SsangYong Torres – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во салонот на Аутомакедонија пристигна новиот SsangYong Torres

Во салонот на Аутомакедонија пристигна Torres – најновиот SUV од корејскиот производител кој неодамна се ребрендираше од SsangYong во KG Mobility.

За новиот Torres кажуваат дека е „инспириран од спектакуларниот поглед на националниот парк Torres del Paine во Патагонија“ – а ние само ќе кажеме дека на прв поглед изгледа навистина интересно и несекојдневно.

Предниот дел ни е особено привлечен – храбрите дизајнерски детали наметнуваат интересен робустен лик кој најверојатно би изгледал подеднакво добро како низ град, така и надвор од градот, онаму каде веќе снемува асфалт.

На нашиот пазар Torres се нуди со 1.5-литарски турбо-бензински мотор кој испорачува 163 коњски сили и 280 Nm вртежен момент и силата ја пренесува кон предните или сите четири тркала преку мануелен или автоматски менувач (кој патем, потекнува од Aisin).

Во зависност од изведбата која ќе ја одберете, ќе треба да платите меѓу 39.900 и 49.900 Евра. Но да бидеме искрени, дури и основното ниво на опрема (кое е со мануелен менувач и погон на предните тркала) доаѓа со еден куп „играчки“ – 17-инчни тркала, автоматски клима-уред, 12.5-инчен дигитален инструмент-кластер, 8-инчен дигитален дисплеј за клима-уредот, 9-инчен мултимедијален уред, LED осветлување, задна паркинг-камера и многу, многу повеќе.

Наскоро ќе го добиеме Torres на тест па ќе ги пренесеме нашите впечатоци. Во меѓувреме, можете да го погледнете Torres во салонот на Аутомакедонија во Скопје, или пак за повеќе информации да ја посетите официјалната веб-страница на Torres.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.