Мотоцентар денес свечено го отвори новиот продажно-логистички сервисен центар! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Мотоцентар денес свечено го отвори новиот продажно-логистички сервисен центар!

Мотоцентар денес официјално и свечено го отвори новиот продажно-логистични центар во населбата Илиден, близу Скопје.

Новиот објект е наменет да биде централен логистички центар на Мотоцентар. Изграден по највисоките стандарди, новиот објект е подгтвен да ги опслужи соработниците и партнерите на Мотоцентар ширум Македонија.

Со вкупен корисен простор од безмалку 5000 квадратни метри, во центарот можат да се складираат 60.000 нови пневматици, како и пневматиците кои се складираат сезонски во т.н. Хотел за Гуми.

Истовремено, центарот е прилагоден да опслужува не само автомобили туку и големи камиони. Новиот објект е опремен со најнова технологија за промена и балансирање на пневматици, како и нов ласерски систем за центрирање на автомобили. На свеченото отворање покрај соработниците и пријателите на Мотоцентар беа присутни и претставници на Continental и Michelin, како и спортистите од Специјалната Олимпијада.

Гостите ги поздравија претставниците од Continental и Michelin, трикратниот европски шампион Игор Стефановски Иџе, но и генералниот директор на Мотоцентар г-дин Горан Гроздовски и Маркетинг Менаџерот Моника Бошкоска која со задоволство објави дека станува претседател на Специјална Олимпијада Македонија.

Новиот логистички центар е 10-ти објект на Мотоцентар ширум Македонија. Им посакуваме уште повеќе успех во работата!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.